Македонските фудбалери до 21 година со триумф над Шведска ги почнаа евроквалификациите

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја совлада вечерва Шведска на гостински терен со 1-0 и со победа ги почна квалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година.

Македонската репрезентација дојде во рано водство со голот на Иван Николов во 7. минута и успеа да ја зачува предноста до крајот на натпреварот во Јонкопинг во рамки на воведното коло во групата Ц. 

Во второто коло избраниците на селекторот Драган Канатларовски ќе го пречекаат првиот фаворит во групата Холандија, во вторник од 15:30 часот во комплексот на ФФМ во Скопје.

Холандија вечерва на домашен терен во Валвијк ќе игра против Молдавија. 

Треба да знаете
Последни објави