Нов протест в понеделник за скандалот со кражбата на лекови од Клиниката за онкологија

В понеделник со почеток во 18 часот пред Владата, граѓаните ќе излезат на нов протест за случајот со кражбата на лекови на Клиниката за онкологија. Протестото е најавен на социјалните мрежи.По собирот пред владината зграда граѓаните ќе се упатат кон Обвинителството, од каде ќе побарааат судска разрешница за сите инволвирани во овој скандал.

„Нашите барања и ултиматум од овој протест се: ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела; Истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев; Проширување на истрагата на работата на Детска онкологија; Целосна ревизија на работата на Клиниката за онкологија; Правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија; Вклучување на онколошки пациенти кои ќе имаат увид во самата истрага“, порачаа организаторите.

Апелираат до сите онколошки пациенти да ги контактираат за нивните искуства, за да придонесат во целосно разоткривање и одговорност на сите инволрвирани во скандалозното работење на Клиниката за онкологија.

Треба да знаете
Последни објави