Новата економска перспектива откри дека Русија очекува да и продава гас на Кина со значително намалена стапка во следните три години, многу под цената што ќе ја платат европските клиенти, пишува Business Insider.
Извештајот, во кој се цитираат изгледите на премиерот Михаил Мишустин до 2026 година, покажа дека Москва следната година ќе и продава природен гас од гасоводот на Кина по просечна цена од 271,6 долари за 1.000 кубни метри. Купувачите во Европа и Турција, пак, ќе се соочат со просечна цена од 481,7 долари.
Во меѓувреме, Русија очекува да и продава гас на Кина во просек од 297,3 долари за 1.000 кубни метри оваа година, додека останатите клиенти во Европа и Турција ќе плаќаат во просек по 500,6 долари.
Москва очекува државниот енергетски гигант Газпром да ја снабдува Кина со природен гас според договорот од 400 милијарди долари преку врската „Моќта на Сибир“.



