Во градот Ираклион на грчкиот остров Крит денеска почнува натпреварувачкиот дел на Медитеранските игри на плажа кои свечено беа отворени синоќа.
Баскет 3×3 репрезентацијата, предводена од шефот на мисијата Сара Глоговац, ќе бидат единствените македонски учесници на Игрите.
Македонската баскет 3×3 репрезентација е во групата А со домаќинот Грција, Хрватска и Косово.
Прв противник ќе им биде Косово, вечерва од 19 часот, по што следуваат дуелите со Хрватска (20:40 часот) и Грција (21:55)