Лидерите од Г20 му оддадоа почит на Ганди на последниот ден од Самитот во Индија

 Лидерите на земјите од Групата 20 најголеми светски економии денеска го посетија меморијалниот центар посветен на основачот на индиската држава Махатма Ганди.

Светските лидери застанаа пред венците поставени околу центарот каде гори вечниот оган и е украсен со портокалови и жолти венци од цвеќиња.

Претходно денеска, на последниот ден од Самитот, тие ја додадоа Африканската унија како нова членка на Г20 и успеаја да постигнат договор за голем број прашања со омекнат тон во однос на руската агресија врз Украина.

Треба да знаете
Последни објави