МВР соопшти дека вчера во 16.00 часот на место викано „Сува Гора“, во атар на тетовското село Ларце, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.С. (39) и М.С. (42), двајцата од истото село, поради постоење основано сомнение дека вршат превоз на бесправно исечени огревни дрва со две возила „лада нива“ и „џип тета самара“, двете без регистарски ознаки.
Кај двете лица биле пронајдени и одземени исечените огревни дрва и алатот со кој ја вршеле сечата, кои се предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.