Црна Гора издвојува значајна победа против Бугарија (2:1) пред своите навивачи во квалификацискиот натпревар од групата Г за пласман на фудбалското ЕП-2024. Во драматична завршница Црногорците предноста на домашниот терен ја искористија со погодокот на Стеван Јоветиќ во судиското продолжение, 96. минута, за триумф и останување во игра за пласман на завршницата од ЕП. Црна Гора сега има осум бода и се наоѓа на втората позиција во групата Г, додека пред неа е Унгарија со 10. Третата позиција ѝ припаѓа на Србија со седум, додека Литванија и Бугарија имаат по два бода. Вечерва пресметка во Каунас имаат Литванија и Србија.
Во Подгорица, Стефан Савиќ во 46. минута погоди за водство од 1:0 на Црна Гора, но на почетокот на вториот дел почнаа маките за Црногорците. Најпрво Вујачиќ доби втор жолт картон и предвреме замина во соблекувалната, а Бугарија потоа доби шанса од пенал да ја анулира преднпоста, но Кирил Десподов не беше прецизен од белата точка.
Сепак Преслав Боруков погоди за 1:1 во 79. минута и ја врати Бугарија во игра за три бода, меѓутоа Црна Гора беше таа која преку Јоветиќ на крајот се радуваше.
Вечерва Данска се измачи за триумф на гостувањето кај Финска со 1:0.