Имаме исти план и иста цел: Со ефикасни реформи и регионална соработка Западен Балкан час поскоро да биде дел од ЕУ напиша Маричиќ.
Вечерва, на покана на претседателот на државата, Стево Пендаровски имав чест да му посакам добредојде на претседателите на државите од регионот, пред утрешниот состанок во рамки на Процесот Брдо-Бриони.
Развивме неформална дискусија на темите кои утре ќе бидат во фокусот на состанокот, со акцент на прашањето за евроинтеграцијата на регионот, тема на која последниот период работиме со посебна посветеност.
Пораката и очекувањата се исти, потребна ни е јасна европска перспектива за Западен Балкан, со конкретен датум, за стабилност и сигурна иднина на регионот и на Европа.