Вулканот Килауеа на Хаваите почна да исфрла жешка лава по двомесечна пауза

Вулканот Килауеа на Хаваите, еден од најактивните во светот, еруптираше по двомесечна пауза, исфрлајќи жешка лава, но безбедноста на луѓето и објектите во националниот парк на Големиот остров не е загрозена.

Хавајската опсерваторија на вулканите соопшти дека Килауеа еруптирала вчера попладне.

Килауеа еруптираше во јуни неколку недели, исфрлајќи вжештена лава, а луѓето се собраа во националниот парк на Големиот остров за да ја гледаат ерупцијата. 

Треба да знаете
Последни објави