Кремљ води преговори со Западот за можна екстрадиција на Вадим Красиков, за кого се претпоставува дека е таен агент на руските специјални служби кој отслужува доживотна казна затвор во Германија за убиството на Зелимхан Хангошвили, поранешeн командaнт на чеченските востаници.
Ова синоќа го објави весникот Волстрит журнал. Еден од затворниците кои Москва е спремна да ги размени за Красиков е и Иван Гершкович, новинар на овој весник.
Убиството на Хангошвили се случи во 2019 година и од суд во Германија беше опишано како порака на Кремљ до своите непријатели во странство – дури и ако сте добиле азил на Запад, ние ќе ве достасаме.
Како што пишува весникот, пред изрекувањето на казната, претседателот на Русија Владимир Путин, му наредил на Николај Патрушев, секретар на Советот за бебедност на Руската Федерација, „да изучи можност за размена на затвореници за ослободување на Красиков“.
Се вели дека ова покажува „колку високо Красиков е оценет од Путин, бивш офицер на КГБ и потоа раководител на Федералната служба за безбедност“.
Оттогаш, наведува изданието, на преговорите за размена на затвореници Москва повеќепати го подигала прашањето за Красиков. Според извори, „Красиков има централно место во напорите на САД да ослободи Американци задржани во Русија“.
Меѓудругите, станува збор и за поранешниот маринец Пол Вилан и репортерот на Волстрит журнал Иван Гершкович.
Се наведува дека официјални лица од повеќе земји изјавиле за можност за повеќестран договор за размена на руски затвореници затворени на Запад за западни државјнаи, како и за познати дисиденти како Алексеј Навални