Авион на руската компанија „Аерофлот”, кој летал на релација Москва – Париз, детално е проверен на аеродромот „Шарл де Гол” во Париз, откако е добиена анонимна закана, соопшти портпаролот на францускиот аеродром.
– Полицијата прими анонимна закана во врска со неколку авиони од Русија. Повеќето авиони се прегледани и не е најден никаков проблем. Освен авионите на „Аерофлот”, ќе биде прегледан и еден на „Ер Франс”, кој од Москва треба да се слета вечерва, рече портпаролот.
Тој не прецизираше за каква закана станува збор, но рече дека полицијата го пребарала багажот во потрага по опасни предмети или експлозив.
Сличен случај имаше и минатата недела, кога авион кој летал на релација Париз – Ибица морал да слета во Барселона поради слична закана.
Компанијата „Аерофлот” претходно соопшти дека летот од Париз до Москва е одложен поради анонимен повик.