Претседателот на Венецуела Николас Мадуро, кој од петокот е во посета на Кина, денеска пристигна во Пекинг каде ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг.
Мадуро ја почна својата посета на Кина минатата недела во Шенжен, на југ, а потоа отпатува за Шангај и ја посети источната провинција Шандонг.
– Со воз тргнуваме за главниот град на Кина, да се сретнеме со иднината, да се сретнеме со нашиот брат претседателот Си Џинпинг, изјави Николас Мадуро пред да замине за Пекинг.
Пекинг има блиски односи со венецуелскиот претседател, а Кина е еден од главните кредитори на Венецуела, чиј БДП е намален за 80 отсто во последните 10 години.
Каракас бара поддршка од Пекинг за заживување на економијата, погодена од една од најлошите инфлации во светот (436 отсто на годишно ниво во мај).
Мадуро, кој е голем критичар на САД, исто така ја пофали Кина како земја „без хегемонска империја која уценува, доминира и напаѓа други народи во светот“.
Последната посета на Мадуро на Кина беше во 2018 година, додека Кси Џинпинг ја посети Венецуела во 2014 година.