Неколку илјади македонски навивачи, дел дојдени во Ла Валета специјално за натпреварот на Македонската фудбалска репрезентација со Малта, а дел наши граѓани кои работат во оваа острвска земја, вечер на стадионот Та Али ќе ги бодрат домашните репрезентативци.
Тие веќе низ градот ги развиорија македонските знамиња и запалија факели подготвувајќи се за петтиот натпревар од квалификациите за ЕВРО 2024, закажан за 20.45 часот.
Селекцијата на Малта е и единствената против која избраниците на Благоја Милевски обезбедија победа досега во циклусот.