Квалификацискиот натпревар во фудбал помеѓу репрезентациите на Романија и Косово е прекинат во 18 минута.
Романските медиуми објавија дека романските навивачи кренале транспарент каде пишувало „Косово е Србија“ и поради тоа прекинат е натпреварот во Букурешт.
Медиумите од Романија јавуваат и дека домашните навивачи извикувале политички пораки и фрлале факели.
Капитенот на романската репрезентација Николае Станчиу истрчал до локалните навивачи и ги замолил да го тргнат транспарентот, но тие не го послушале, интервенирала полицијата и им го одзела. Фудбалерите на двете репрезентации заминале во соблекувалните и се уште не се знае дали и кога ќе продолжи натпреварот.