Украина го нападна Севастопол: експлозии во бродоградилиште, над 20 повредени

Најмалку 24 лица се повредени во ракетниот напад на Киев врз кримскиот град Севастопол, меѓу кои и четворица пациенти чија состојба е умерено тешка, напиша на Телеграм гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев.

„Според прелиминарните информации, во нападот се повредени вкупно 24 лица. Четворица од нив се во средно тешка состојба“, напиша гувернерот на својот канал Телеграм.

Гувернерот додаде дека службите за итни случаи работат во јужниот објект на бродоградилиштето Севастопол, каде што порано избувна пожар.

„Се наоѓам на местото на пожарот во јужната зграда на бродоградилиштето Севастопол. Сите служби за итни случаи работат во областа. Нема никаква закана за цивилните објекти во градот“, додаде Развозаев.

Треба да знаете
Последни објави