Шаманските ритуали не го спасија Перу од пораз против Бразил

Фудбалерите на Бразил дојдоа до втората победа во квалификациите за Светското првенство 2026, совладувајќи го синоќа Перу во Лима со 1-0.

Во обидот да останат непоразени на домашните фудбалери помош им пристигна од десетина перуански шамани кои облечени во традиционалните почна во понеделникот изведоа ритуал за „неутрализација“ на бразилскиот број 10, опремени со мечеви, амајлии и рачно изработени кукли.

Шаманите за малку ќе успеаја во својата цел, но бразилската „десетка“ Нејмар во завршната 90 минута му асистираше на Маркињос при постигнувањето на победоносниот гол.

Претходно, на Бразил му беа поништени два гола поради офсајд, а Нејмар, кој минатата недела го собори рекордот на Пеле според постигнати голови во бразилскиот дрес, пропушти неколку идеални шанси за погодок.

Во преостанатите натпревари од второто коло во јужноамериканските квалификации, Венецуела го совлада Парагвај (1-0), Уругвај загуби од Еквадор (1-2), додека Чиле и Колумбија ги поделија бодови без голови. 

Треба да знаете
Последни објави