Тухел не прифаќа клупски понуди чека да биде селектор на Англија

Поранешниот трофеен тренер на англискиот фудбалски премиерлигаш Челзи, Германецот Томас Тухел, одбил неколку понуди да се врати брзо на клупата откако минатиот месец доби отказ на „Стенфрод Бриџ“. По разделбата со Челзи, Тухел добил понуди од два премиерлигаши, но германскиот стратег ги одбил пренесуваат медиумите на Острово.

На почетокот од месецов – октомври, Тухел не прифатил да го преземи ниту кормилот на бундеслигашот Баер Леверкузен.

Според медиумите на Островот, германскиот стручњак кој со Челзи ја освои Лигата на шамшпионите е заинтересиран за селекторската позиција на репрезентацијата на Англија. Актулениот англиски селектор Герет Саутгејт неодамна призна дека лошиот настап на Светското првенство може да доведе до разделба со репрезентацијата.

Треба да знаете
Последни објави