Национален форум „Соработката меѓу Собранието и граѓанските организации”

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на програмата Цивика мобилита денеска во Собранието на Република Северна Македонија ќе го одржи Националниот форум „Соработката помеѓу Собранието и граѓанските организации”.

На форумот најавено е обраќање на претседателот на Парламентот Талат Џафери, на амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер Тахеда, како и пратеници од Собранието.

Дискусијата на форумот ќе се фокусира на досегашната соработка помеѓу Парламентот и граѓанските организации низ призмата на искуствата на пратениците, како и од аспект на граѓанските организации кои имале таква соработка.

Треба да знаете
Последни објави