Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре (17.09) со почеток во 08.00 часот поради одржување на атлетска трка ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.
Трката ќе се одвива со следната траса на движење: стартно/целна позиција на ул.„Беласица” пред трговскиот центар “Ист гејт мол” , десно по бул.„Гоце Делчев”(десна коловозна лента),потоа повторно по бул.„Илинден”(десна коловозна лента) се до крстосница со ул.„МАНАПО” и назад по истата коловозна лента.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.