Министерот за правда Кренар Лога поканет на јубилејот (10 години) на Светскиот турски бизнис конгрес, на кој на едно место се собираат деловни личности, академици, уметници и спортисти, од турско потекло и од пријателските земји на Турција, од целиот свет, каде што учествуваа и повисоки државни функционери како што се претседателот Таип Реџеп Ердоган, министерот за надворешни работи, Хакан Фидан, министерот за трговија проф.д-р Омер Болат, претседателот на ДТИК, Наил Олпак, како и министри од дијаспората и пријателски земји.
Овој Конгрес го приближува бизнисот до турската дијаспора, ја зголемува соработката меѓу земјите од турско говорно подрачје и нивната дијаспора, која надвор од соодветните граници се претставува како единствена заедница. Светскиот турски бизнис конгрес (ДТИК) веќе 10 години успеа да ја подигне соработката, го зголеми зајакнувањето на државната и приватната економија, во соодветните земји и во светот.
Покрај одличните меѓудржавни односи, континуираната поддршка во различни значајни проекти, Турција служи како пример каде една земја креира напредни политики, каде што можеме само да имаме корист од наведените искуства.
Овој настан беше добар пример што треба да го следи и Северна Македонија, бидејќи има дијаспора распределена во различни земји во светот и концентрирана на три континенти.
Имајќи предвид дека и албанскиот народ регистрира голем број емигранти во речиси сите земји во светот, меѓу кои се издвојуваат многу личности кои достигнале врвни успеси во различни сфери, ваков Конгрес би отворил нови можности за развој и унапредувањето за албанската дијаспора, обединувањето што мора да се пренесе во соодветните земји за економски, социјален, културен, технолошки развој и се друго што може да се стави во функција на духовно и економско зближување.