ДПМНЕ треба да престане да шири лаги и манипулации за наводни неправилности во врска со јавни набавки кои се законски и соодветни. Наместо да прави конструкции, потрпаролот на Белата палата, Наум Стоилковски да одговори пред јавноста кој е директорот на штабот на ДПМНЕ што добива тендери во општините раководени од ДПМНЕ вредни 18.5 милиони евра. Стоилковки да објасни како ДПМНЕ во „своите” општини дели тендери на лица блиски на Мицкоски, стои во реакцијата од СДСМ.
Оттму додаваат дека во криминалната ДПМНЕ ништо не се менува. Јавно говорат дека се против криминал и корупција, а потоа одат да си делат тендери по општините и ги злоупотребуваат парите на граѓаните.