Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го оправдува потегот на Шпанецот Карос Алкараз кој го откажа своето учество во Дејвис купот.
– И јас не играв за Србија сите 20 години од мојата кариера. Нормално е, во сезони кога играш многу индивидуални натпреварувања, се заморуваш, многу се случуваат во кариерата. И во вашиот личен живот исто така… Пропуштањето натпревари е нормално. Сакам да го заштитам Карлос и сите играчи бидејќи знам како е. Ова е во ред. Тој има 20 години и има уште многу време да игра за својата земја“.
Ѓоковиќ победи во сингл мечот во групната фаза, водејќи го тимот во плеј-офот, а го загуби натпреварот во двојки.
Играњето за националниот тим во Дејвис купот дава право да се настапува на Олимписки игри.