Напаѓачот на Ал Хилал, Александар Митровиќ проговори за неговата преселба во клубот од Саудиска Арабија.
– Немам носталгија за Англија, играв таму многу години. Мило ми е што конечно се преселив во врвен клуб. Ал Хилал е малку како Реал Мадрид. Многу сум среќен овде и сакам да освојувам титули“, изјави Митровиќ за „Gazzetta dello Sport“.
Дваесет и деветгодишниот српски фудбалер во летниот преоден рок му се приклучи на Ал Хилал од Фулам. За новиот тим одигра четири натпревари на кои постигна пет гола и една асистенција.
Митровиќ претходно настапуваше за Њукасл, Андерлехт, Партизан и Телеоптик.