Основачот на Хјуман рајтс воч, Роберт Бернстајн, почина на 97-годишна возраст, објави денеска „Њујорк тајмс”.
Бернстајн почина вчера во една болница во Њујорк.
Роберт Бернстајн ја основа организацијата ХРВ за време на Студената војна.
Тој исто така беше и на чело на куќата Рендом, која издаваше дела на американските автори, како што се Тони Морисон или Гор Видал, но и советските дисиденти Андреј Сахаров и Елена Бонер.