Се чувствувате ли тромаво и поспано после ручек и сè за што тогаш сте способни да размислувате е креветот кој ве чека дома? Доколку ве “фати“ дремка откако ќе го изедете ручекот не сте единствени, а за сè е виновен вашиот избор на намирници кои често ги јадете за ручек.
Експертите советуваат дека најдобро време за јадење на ручекот е 12 или 13 часот. Доколку го преместите за подоцна попладне веројатно ќе бидете многу гладни и заради тоа ќе имате поголема желба за храна која е полна со шеќер и маснотии како на пример пржена храна, торти и колачи.
Идеалниот ручек треба да содржи витамини, минерали, здрави маснотии, јаглехидрати и протеини. Јаглехидратите и маснотиите ни даваат енергија додека пак протеините се клучни за правилното функционирање на нашето тело. Пробајте ги трите “спасоносни“ рецепти за лесен ручек кој нема да ве успори и успие.
Намирниците кои е најдобро да ги јадете за ручек се:
– Сендвичи (со пилешко, јајце, туна, сирење или печено говедско месо) и тестенини од цело зрно;
– Салати;
– Риба;
– Супа;
– Житарици.
Ова се три намирници кои се најлош избор за ручек затоа што предизвикуваат пад на енергијата:
Пржен компир
Помфритот се пржи во многу масло и станува збор за едноставни јаглехидрати кои скогаш треба да ги избегнувате затоа што како што нагло го зголемуваат нивото на шеќер во крвта исто така и нагло го спуштаат. Доколку јадете помфрит за ручек многу е веројатно дека ќе почувствувате нагло опаѓање на енергијата, летаргија и поспаност.
Кравјо млеко
Иако кравјото млеко може да биде дел од рамномерната исхрана може да има негативно влијание на нивото на енергија во телото. Кравјото млеко потешко се вари заради тоа му е потребна поголема количина на крв која оди до цревата, а остатокот од телото мора да функционира со намален проток на крв. Губењето на крв може да предизвика летаргија.
Путер од кикирики
Откако ќе изедете сендвич со путер многу е веројатно да ве “фати“ дремка. Виновник за поспаноста е аминокиселината триптофан која ја содржи путерот од кикирики. Сепак него не мора да го избегнувате во целост само треба да го комбинирате со “суперхрана“ која ни дава енергија како на пример житарици, лонган овошје, чиа семе и алги дулсе.