Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит сепак отпатува во Република Српска и во Бања Лука имаше состанок со тамошниот бискуп Фрањо Комарица.
Шмит во Бања Лука требаше да отпатува на 12 септември, но ја откажа посетата откако од кабинетот на претседателот на РС Милорад Додик беше идадедна наредба да не може во службените простории да оствари средба со потпретседателот Ќамил Дураковиќ.
Претходно Додик, кој го оспорува легитимитетот на Шмит во БиХ, бидејќи не е потврдено неговото именување од Советот за безбедност во ОН, се закани дека ќе донесе забрана да ја посети РС, а ако тоа го стори ќе биде упасен.
Шмит и Комарица разговарале за правни и политички прашања.