Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, во вторник, на 19 септември во Њујорк ќе има средба со лидерите од Западен Балкан. На овој состанок ќе се одржи на маргините од 78. заседание на Генералното собрание на ОН, соопшти Европската служба за надворешни работи.
Борел кој ќе претстојува во Њујорк до 22 септември ќе има повеќе мултилатерални средби како и билатерални состаноци во рамките на 78. заседание на Генаралното собрание на ОН.