Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис испиша нова страница од историјата во дисциплината скок со стап на финалето на Дијамантската лига во Јуџин, САД.
Актуелниот светски рекордер го подобри својот најдобар резултат во кариерата и сега е сопственик на новиот рекорд, 6,23 метри.
Тој лани на истото место, во сала, прескокна 6,22 метри. Тој при првиот обид ја прескокна споменатата висина.
Ниту еден спортист освен него досега не прескокнал преку 6,16 метри, а од друга страна, Дуплантис успеал да ги прескокне сите височини од 6,17 метри до оваа најнова, за нов светски рекорд.
Треба да се потсети дека Дуплантис има само 24 години и дека од него може да се очекуваат уште вакви и подобри достигнувања.