Стоилковски: Од јавен интерес е да се знае зошто се дадени рекордни 40 милиони евра за лиценци

-СДС и власта не одговориле до сега, ниту пак ЈО не покажа интерес да провери дали зад 40 милиони евра договори не стои колегијалноста, пријателството можеби на Ковачевски со Марко Андонов од Аитоникс? Од јавен интерес е да се одговори зошто се срушени сите рекорди во дадени пари за тендери од ваков тип? Во три години, 15 па 25 милиони евра, за иста услуга? И зошто за првпат беше воведена пракса вакви договори да се прават на три години, рече денес на прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Тој запраша како е можно Секретарот на Влада, да даде толкав тендер на колега на тогаш министер, а сега премиер, плус тоа сега и на странски дипломат?

– Владата во 2021 го прифаќа Андонов, колегата на Ковачевски, за дипломат, конзул на Грузија во Македонија и му отвора конзулат. Ваков тип на договори, односно лиценци за  програми треба да овозможат и безбедност, а тоа се дава на странски дипломат? Молкот е потврда дека зад оваа зделка лежи можна корупција и можен криминал, потенцираше Стоилковски.

Треба да знаете
Последни објави