Ким Кардашијан: Никакво советување нема да го поправи бракот со Канје

Ким Кардашијан Вест е децидна дека „никаков напор за брачно советување или помирување“ нема да го поправи нејзиниот брак со Канје Вест.

Реалити-ѕвездата и основач на брендот „Скимс“ поднесе барање за развод од раперот во февруари. И покрај неговите јавни молби да му се врати, 41-годишната Ким минатата недела поднесе документи за промена на брачниот статус. Таа сака да го смени статусот додека се решава старателството врз децата и поделбата на имотот.

Ким инсистира на „брзо и пријателско решавање“ на разделбата и сака прашањата за имотот и старателството над децата да се решаваат одвоено.

Во документите до кои дојде „Пипл“, нејзиниот правен тим наведува: „Кардашијан се обиде да го реши ова прашање откако поднесе барање за развод во февруари 2021 година. Кардашијан и нејзиниот адвокат неколку пати се обратија до Вест и неговиот адвокат во обид случајот да се придвижи кон брзо и пријателско решение.Тој не одговори.“

„Бракот на странките непоправливо се распадна. Кардашијан повеќе не сака да биде во брак со Вест. Во овој случај, едноставно нема убедливи причини да не се одобри барањето за раздвојување на процесите и укинување на брачниот статус.“

Ким инсистира на тоа дека нејзиниот брак со раперот повеќе не е одржлив .

„Нема сомнеж дека нивниот брак повеќе не е остварлив. Непомирливите разлики доведоа до непоправлив распад на бракот и нема можност за спасување на бракот преку советување или на друг начин.“

Треба да знаете
Последни објави