Изгласани законите за солидарен данок и за пораст на ДДВ од 5 на 10 проценти за луксузна храна

Собранието денес го донес Законот за солидарен данок, како и Закон измените на данокот на добивка и на ДДВ. Со Солидарнот данок дополнително ќе се оданочуваат добивките на големите компании кои оствариле приход од над 10 милиони евра, а при тоа таа добивка е поголема во однос на претходните години.

 Со аконот за Данокот на додадена вредност се изврши усогласување со Диреткивата на ЕУ по однос на местото на промет на услуги, воведување на концептот на даночен застапник и уредување на даночниот третман на прометот преку вредносни ваучери. Со него се продолжува примената на повластената стапка од 5% за првиот промет на станбени згради и станови кои се користат за станбени цели во рок од 5 години од изградбата, ревидирање на примената на повластената стапка на ДДВ, односно се намалува стапката од 18 отсто на 5 отсто за прометот на менструални производи и ќе стартува примена на повластена стапка од 10 отсто кај дел од прехранбените производи кои не претставуваа основен дел од исхраната. Се воведуваат и одредени новини кои ќе придонесат за поедноставување на постапката за наплата на ДДВ.

Со „Солидарниот“ закон закон се очекува да се соберат дополнителни од 50 до 80 милиони евра во државната каса. Според анализите на Управата за јавни приходи, се очекува да бидат опфатени 150 до 200 фирми од од трговијата, енергетскиот, металуршкиот, финансискиот сектор, како и претпријатија од други дејности.

Од Министерството за финансии како предлагач, велат дека станува збор за еднократно решение кое се воведува во вонредни услови, во услови на криза. 

„Главната карактеристика на овој данок е што со него се обезбедуваат средства за справување со кризата. Односно, средствата кои по овој основ ќе се слеат во Буџетот ќе бидат планирани во посебната програмата за справување со кризатаи наменети за антиркизни мерки за поддршка на компаниите и граѓаните. Опфаќа компании кои оствариле промет над 615 милиони денари во минатата година, а ќе го опфати делот кој претставува зголемување на добивката за 20 отсто во однос на просекот од претходен 3-годишен период. Основната карактеристика на овој закон, кој претставува и препорака на ЕК, е солидарноста на дело, а ќе има и позитивно влијание врз одржување на нивото на јавниот долг.“, објави Министерството за финансии.

За овој закон долго време се кршеа копја меѓу Министерството и стопанстевниците. Најмногу реакции имаше од Стопанската комора на Македонија како претставник на најголемиот дел од компаниите кои ќе бидат опфатени со ова законско решение. Оттаму не се исклучува и преиспитување на Законското решение пред Уставниот суд.

Треба да знаете
Последни објави