Најмалку три лица загинаа, а неколку лица се повредени при пад на автобус во провалија на патот Цетиње-Подгорица, кај местото Обзовица.
На местото на несреќата се испратени сите расположливи полициски сили од Будва и Цетиње, а на пат кон Обзовица се и припадници на специјалните полициски единици.
Несреќата се случила околу 12.10 часот, јавуваат црногорските медиуми.
На снимката од местото на настанот се гледа како автобусот лежи во провалија, додека спасувачите и полицијата ги извлекуваат повредените патници.
Подгорица вијести пишува, а пренесува РТС, дека според првичните податоци, во автобусот имало меѓу 30 и 35 лица.