Владата засега не размислува да интервенира во цените на горивата, рече вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.
Според него, тоа би требало да дојде како предлог од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), ако согласно нејзините проекции има нагорен тренд на цените.
-Моментно не се разговара за тоа. Тоа би требало да дојде како прдлог од РКЕ ако согласно нивните проекции има нагорен тренд на цените. Ние не можеме ние да влијаеме на светските берзи на нафтени деривати, можеме преку акцизата и ДДВ-то, но моментно ние во Министерството за економија не правиме такви анализи. Најверојатно се прават во Министерството за финансии и во РКЕ, истакна Бектеши во гостувањето на ТВ Сител