Маријан Стојаноски стана татко по вторпат

Македонскиот пејач Маријан Стојаноски по вторпат стана татко, а убавата вест ја сподели на својот Фејсбук профил со пријателите и фановите.

Мама Наташа на свет донесе машко дете, а тато Маријан објави дека синот ќе се вика Петар.

-Добредојде синко Петар, напиша тој на Фејсбук.

Маријан и Наташа во јули минатата година станаа родители на ќерката Вероника.

Инаку Маријан и Наташа се во брак две години. Во јули годинава тие направија венчавка во црква и крштевка за ќерката. Тогаш објавија и дека го очекуваат второто дете.

Треба да знаете
Последни објави