Делегацијата на американскиот Конгрес и Атлантскиот совет,предводена од Данон Вилсон, престојува во посета на Тирана.
Првата средба делегација ја имаше со шефот на албанската држава Илир Мета.
Како што соопшти прес-службата, Мета ги запознал гостите со случувањата и предизвиците во земјата и регионот, за приоритетите на Албанија во контекст на европската интеграција, како и за потребата од стратешка соработка меѓу Албанија и САД.
-Домашните политички случувања и потребата од што побрзо решение за актуелната криза, имплементацијата на правосудната реформа врз основа на уставните начела, преземањето на неопходните чекори за интеграција во ЕУ и улога на Албанија во регионот како клучен фактор за стабилност, беа главните теми на дискусија,- стои во соопштенето од кабинетот на Мета.
Делегацијата,која ја придружува Лејла Мозез Онс, привремен амбасадор на САД во Тирана, ја прими и премиерот Еди Рама, планирана е средба со спикерот на Парлементот Грамоз Ручи како и со лидерот на опозициската Демократска партија,Љуљзим Баша.
Престојот на делегацијата се случува во време на кулминација на политичката криза во земјата.