Курц нема да седне во пратеничките клупи

Водачот на Народната партија на Австрија (ОВП), Себастијан Курц, на чија влада вчера ѝ беше изгласана недоверба од парламентот, нема да ја преземе функцијата шеф на парламентарниот клуб на партијата, ниту пратеничкото место.

Неговиот кабинет објави дека шеф на парламентарниот клуб ќе остане Август Верингер, кој досега добро ја извршуваше функцијата и во кого Курц има голема доверба.

Курц, како што се вели, прво ќе направи сé за правилно да се изврши примопредавањето на власта на новата преодна влада, а потоа ќе започне кампања за да ја обезбеди поддршката на граѓаните.

За фактот дека должностите на канцелар во овој период на транзиција ќе бидат предводени од актуелниот вицеканцелар Хартвиг Легер Курц, вели тој, постигна договор со претседателот на Австрија по гласањето за недоверба во парламентот.

Во претстојниот период Курц ќе биде целосно посветен на предизборната кампања за предвремени избори што треба да се одржат во септември.

Треба да знаете
Последни објави