Француската политичарка Жулиет де Каузан, кандидатка на претстојните избори за Сенатот на Република Франција, Горниот дом на францускиот парламент, се најде на удар на критики бидејќи значително ја фотошопирала својата фотографијата што ја ставила на своите промотивни плакати, пишува Телеграф.
Де Каузан не сакаше да ја открие својата возраст, но се верува дека има меѓу 40 и 50 години. Сепак, плакатот со кој се промовираше во март оваа година наведе многумина да помислат дека има околу 25 години. На тој постер нејзината кожа е видно посветла, забите поправи, а косата пополна отколку на неуредените фотографии кои ги објавува на социјалната мрежа Инстаграм.
Политичарката од малата центристичка партија Europe Egalité Ecologie призна дека користела дигитални алатки за да го промени својот изглед. Таа рече дека го направила тоа за потенцијално да добие поголема поддршка за целите на нејзината партија.
Политичарката призна дека минатата година за време на кампањата пред парламентарните избори на своите промотивни плакати ставила фотографија со потемна боја на кожа.Гласачите на социјалните мрежи ја критикуваа дека е нечесна. „Ги доведувате во заблуда вашите гласачи со вашата фотографија. Ова е патетично. Нема повеќе да гласам за вас. Вратете се во Ардените. Ние заслужуваме подобро“, рече еден гласач. “Навистина, воопшто не личите на личноста на плакатот. Веднаш почнавте да лажете. Ова е “убаво””, додал друг.
Пред да се приклучи на политиката во 2021 година, Жилиет де Козанс работеше како професорка во средно училиште. Минатата година, на парламентарните избори, таа се кандидираше во изборнат единица која го опфаќа и департманот Ардени, но освои само 4,28 отсто од гласовите.
Партијата Europe Egalité Ecologie е формирана од незадоволни членови на партијата Ренесанса, која во 2016 година ја основа актуелниот претседател на Франција, Емануел Макрон. Сè уште го поддржуваат, но не ја уживаат неговата поддршка.
Политичарката ги бранеше нејзините силно ретуширани фотографии. “Мое право како кандидат е да имам убава фотографија. Косата, шминката и осветлувањето не се иста работа”, изјавила Жулиет де Каузан.