Јакупи балкански вицешампион во карате

Македонскиот каратист Берат Јакупи викендов го освои второто место и сребрениот медал на Балканското првенство Тирана, Албанија.

Јакупи на овој турнир, имаше  пет борби, четири победи, а финалната ја загуби.

– Постигнувањето на сребрениот медал во ваква силна конкуренција е доказ за неверојатната посветеност на Јакупи на спортот. Но, за Берат ова е само почеток. Тој ќе продолжи со интензивните подготовки во текот на овие месеци и е подготвен да се соочи со следните предизвици каде што има за цел да донесе медали за својата земја. Берат Јакупи покажува дека е еден од најуспешните спортисти на меѓународната карате сцена, соопштија од стручниот штаб на македонскиот каратист.

Јакупи на крајот на октомври ќе учествува на Светското првенство за сениори. 

Треба да знаете
Последни објави