Кривична за турски државјанин за неовластена употреба на туѓа фирма

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против M.Ч.(40) од Република Турција, со место на живеење во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. Пријавениот М.Ч. во текот на 2018 година склучил договор за користење под закуп на подрумски простории во куќа на ул.„Антон Попов“ за потребите на неговото правно лице, кое се занимава со дистрибуција и продажба на електрични материјали. Меѓутоа, во просториите тој складирал и 184 пара фалсификувани чевли од марката „Левис“, без да има договор со овластен застапник на оваа заштитена марка на територијата на РСМ. Чевлите биле пронајдени при претрес во изнајмените простории, извршен врз основа на судска наредба. При претресот, исто така, биле пронајдени и други 1392 парчиња чевли кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ извршена во магацин за чевли во Скопје. Сите пронајдени предмети биле одземени од пријавениот и предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.

 

Треба да знаете
Последни објави