Вториот товарен брод со украинско жито пристигна во Истанбул

Вториот товарен брод со украинско жито пристигна денеска во Истанбул преку Црното Море, и покрај заканите на Москва дека ќе ги нападне бродовите што влегуваат и излегуваат од Украина, се наведува на веб страниците кои го следат поморскиот сообраќај.

Бродот „Аројат“ кој плови под знамето на Палау тргна во петокот од Черноморска кај Одеса.

Тоа е вториот брод што помина низ тој поморски коридор. Од страна на Киев беше воспоставен коридор долж западниот брег на Црното Море за да се заобиколи блокадата на Русија.

Според веб-страниците кои го следат поморскиот сообраќај, бродот „Аројат“ со 17.600 тони украинско жито, наменет за Египет, бил на јужниот излез од Босфор во Мраморното Море во 3 часот утринава. Бродот треба да се упати кон Дарданелите и понатаму кон Медитеранот. 

Треба да знаете
Последни објави