Министерска конференција на Западен Балкан за квалитет во високото образование ќе се одржи во Скопје

Министерството за образование и наука и Секретаријатот на иницијативата за образовни реформи во Југоисточна Европа ERI SEE на 26 и 27 септември во Скопје ќе  организираат Министерска конференција на Западен Балкан за квалитет и обезбедување квалитет во високото образование.

МОН соопшти дека на конференцијата, со над 80 учесници, ќе се обратат министерот Јетон Шаќири и министрите  за образование на Србија, Црна Гора, заменик-министерот за образование на Литванија, како и директорот на Иницијативата за образовни реформи, директори на агенциите за високо образование на Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија и Молдавија и претставници на академската заедница од Европската Унија. 

Треба да знаете
Последни објави