Бабајан: Околу 120.000 Ерменци ќе го напуштат Нагорно Карабах

Околу 120.000 Ерменци од Нагорно Карабах ќе заминат во Ерменија, бидејќи не сакаат да живеат во составот на Азербејџан и се плашат од етничко чистење, изјави денеска Давид Бабајан, советник на претседателот на отцепениот непризнаен регион.

Бабајан изјави дека Ерменците не сакаат да живеат во составот на Азербејџан и дека 99,9 отсто од нив ќе го напуштат Нагорно Карабах поради тоа.

„Судбината на нашиот кутар народ ќе влезе во историјата како срам за ерменскиот народ и за целиот цивилизиран свет“, рече Бабајан и додаде дека процесот на предавање на оружјето на етничките Ерменци од Нагорно Карабах е во тек. 

Треба да знаете
Последни објави