Два авиони „ер-трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување полетаа да дејствуваат на пожарот во Општина Долнени, кај селата Слепче и Гостиржани.
Како што информира Центарот за управување (ЦУК), пожарот е поделен во два крака кои се движат кон густа и уредена шума на велешка територија од едната страна и селото Црнилиште, Прилепско на другата страна.
Противпожарните тимови, некаде помогнати и од месното население, во текот на вчерашниот ден изгаснале 30 пожари, а шест сѐ уште се водат како активни.
Во тек се активности за нивното контролирање, локализирање и догаснување. Активните се три пожари во општина Битола.
Тие се кај селата Црничани и Лознани, каде гори нискостеблеста вегетација и кај село Ивањевци, каде гори ниска вегетација.
И во општина Прилеп има три активни пожари, кај селата Слепче, Долнени и Тројкрсти, каде гори ниска вегетација.