Вучиќ најави вонредно обраќање за состојбата во Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ќе и се обрати на јавноста во врска со ситуацијата на северот на Косово.

Српските медиуми јавуваат дека претседателот ќе се обрати попладнево, а засега не е прецизирано во коклку часот.

Воедно, се откажува прес-конференцијата на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, која беше најавена за 14 часот, пренесе „Нова рс“.

Во престрелката на северот на Косово загина еден полицаец од албанска националност, додека уште најмалку двајца се ранети.

Според првичните информации, пукањето се случило во селото Бањска. Косовската полиција тврди дека нивните членови биле нападнати откако забележале блокада на патот.

Во околината на Бањска се’ уште се слушаат истрели.

Премиерот на Косово, Албин Курти предмалку кажа дека зад нападот стои вооружана група професионалци од 30 луѓе. Курти обвини дека нападот е финансиран и поддржан од Србија.

Треба да знаете
Последни објави