Македонските млади се за членство во ЕУ а не за изолација со којашто им се заканува Мицкоски, велат во соопштение за јавноста од СДСМ.
Изолацијата е цунами за младите, затоа што нова изолација значи и нови бранови иселувања на младите, економско уназадување, неизвесност и без перспективност.
Младите немаат време за губење, немаат нови 11 години да ги фрлат во ветер, само затоа што Мицкоски нема капацитет, ниту основно чувство за државност.
Единствениот начин за драстично подобар живот на младите е да живеат во европска држава.
Со членството во ЕУ младите добиваат огромен број можности за подобро образование, пристап до финансии и фондови, можности за добро платени работи места, подобар животен стандард и подобри услуги.
СДСМ не навлегува во тоа дали и денешниот настан е дел од внатрешните превирања, кавги и дворски игри во ДПМНЕ.
Но, едно е јасно, младите нема да дозволат да бидат жртва на политичари без став, без визија, кои освен својата фотелја во белиот дворец и желбата за власт по секоја цена не им мислат ништо добро.