Борел разговарал со Курти и Вучиќ

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел денеска телефонски разговараше во косовскиот премиер Албин Курти и со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Високиот претставник Борел изрази сочувство до семејството, колегите и најблиските на полицаецот кој го загуби животот за време на службената должност, а на повредените полицајци им посака брзо закрепнување, соопшти канцеларијата на Борел.

Високиот претставник на ЕУ најостро ја осуди „денешната агресија“ и го повтори својот повик до напаѓачите веднаш да се предадат и да ги ослободат верниците во манастирот Бањска, за тие безбедно да заминат. Тој повика на враќање на смиреноста и стабилноста.

ЕУЛЕКС ја следи ситуацијата на терен и е подготвен да ги поддржи косовските институции во одржувањето на стабилноста и безбедноста на сите нејзини заедници, во согласност со неговиот мандат и во тесна координација со КФОР на НАТО, се вели во соопштението.

Специјалниот претставник на ЕУ за Косово на терен е во близок контакт со властите, се додава во документот. 

Други детали не се соопштуваат.

Треба да знаете
Последни објави