Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ) денеска ќе организира конференција на тема „Регионална интеграција преку подобри даночни и царински системи на земјите од Западен Балкан”.
-Целта на конференцијата е да ги промовира наодите од нашата најнова анализа, која ја истражува интеграцијата и соработката меѓу земјите на Западен Балкан во областа на даночните и царинските системи, соопшти организаторот.
Ќе се обратат претставници од институциите и приватниот сектор и експерти кои работеле на подготовка на анализата. По официјалното отворање на конференцијата и презентација на клучните наоди од анализите, ќе следува панел-дискусија.
Конференцијата се организира во рамки на проектот „Поврзување на земјите од Отворен Балкан преку добра даночна и царинска политика”, имплементиран од ЗМАИ, а финансиран од Фондацијата Отворено Општество – Македонија.