Извршен вонреден инспекциски надзор во градинката во Шуто Оризари

Извршен е вонреден инспекциски надзор во градинката во Шуто Оризари по случајот со 11-месечното бебе, кое според тврдењето на родителите, било повредено. Задолжена е директорката на градинката да почне постапка за утврдување на фактичката состојба или евентуална вина кај вработените. 

– Во врска со случајот со детето од  градинката „8-Април“ во Шуто Оризари,  извршен е вонреден инспекциски надзор, земени се изјави од вработените и согласно Законот за заштита на деца, инспекторите ќе издадат решение за постапување и утврдување на фактичката состојба или евентуална вина на вработените за згрижување за детето. Односно, инспекторите ја задолжуваат директорката на детската градинка да започне постапка за утврдување на фактичката состојба или евентуална вина на вработените за згрижување за детето, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Министерството за внатрешни работи во саботата соопшти дека родителите го пријавиле случајот во петокот тврдејќи дека нивната малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда во  градинка на подрачјето на Шуто Оризари. 

– Во СВР Скопје, И.С.(28) од Скопје пријавил дека во текот на денот во детска градинка на подрачје на Шуто Оризари неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Според пријавеното, неговата сопруга ја однела нивната ќерка во градинката околу 8 часот и бидејќи е во период на адаптација, ја зела во 10 часот. Исто така, според пријавеното, кога го донела дома и почнала да го пресоблекува, девојчето не престанувало да плаче, по што го однеле во Ургентниот центар, каде што лекар ја констатирал повредата, информираше МВР во саботата. 

Треба да знаете
Последни објави