Пенов: Министерството за локална самоуправа издвојува за подобри услови за живеење 

Министерството за локална самоуправа издвојува за подобри услови за живеење, луѓето да останат тука. Ова го истакна министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, при денешната работна посета на Демир Капија.

Тој се сретна со демиркапискиот градоначалник Лазар Петров и заедно пропешачија околу два километра. Средбата беше за вовед во работата за изградба на локален пат во Демир Капија, како дел од проектите финансирани од МЛС за намалување на диспаритетите меѓу општините. 

– Видов дека Демир Капија е инфраструктурно добро управувана и средена и е еден од позитивните примери на локалната самоуправа во Република Северна Македонија. Некои проекти се правени со помош на државата, денес стартуваме со нов проект. Министерството за локална самоуправа издвојува 10.7 милиони денари за да се направи оваа улица во Демир Капија, во должина од 700 метри и да обезбедиме подобри услови за живеење, луѓето да остануваат тука, рече министерот, додавајќи дека поддршката ќе продолжи и понатаму.

Треба да знаете
Последни објави