Убиството се случило утринава кога жената, инаку мајка на три деца, тргнала на работа. 59 годишниот маж, осомничен за убиството, со нож и нанел 40 убодини рани, починала веднаш. Според првичните сознанија, причина за нападот е изнуда на пари и закана со компромитирачки снимки што напаѓачот се заканувал дека ќе ги објави јавно.
Преземени се сите дејствија, наредена е обдукција на телото на починатата, обезбедени се траги и други докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Од очевидци на настанот извршено е препознавање на осомничениот сторител на кривичното дело, кој е лишен од слобода, .информираат од обвинителството.
Според досегашните проверки коишто се направени во Обвинителството и МВР, таа го пријавила напаѓачот со кој била во љубовна врска врска, во мај, за уцена, односно дека ќе објави компромитирачки фотографии и видеа ако не му даде пари.
Невладините и шелтер центрите за жени – жртви на семејно насилство уште поодамна реагираа дека институциите потфрлаат во полето на заштита на жртвите со што со секоја година расте бројот на случаи познати како фемицид. И од Хелсиншкиот комитет за човекови права сметаат дека жртвата од Кочани не ја добила потребната заштита од институциите и се сомневаат дали сите мерки биле преземени.
За неполни 24 часа ова е второ убиство. Синоќа гевгеличани беа потресени кога банална расправија помеѓу браќа завршила со двојно убиство. 71 годишен маж и неговата 62 годишна сопруга се застрелани од братот со кој живееле во иста куќа. 69 годишниот гевгеличанец ги застрелал братот и снаата со пиштол пред влезот на куќата. Од јавното обвинителство велат дека во текот на денот ќе следи постапка за убиецот кој синоќа го приведе гевгелиската полиција.